Следниот телефон на Motorola со паметно пенкалце може да биде Moto G Stylus 2021. Ова е наследник на Moto G Stylus моделот, што компанијата го објави во февруари оваа година, а го покренува Snapdragon 665 чипсет. Сега се појавија спецификациите на неговиот наследник.

Дојавувачот @evleaks сугерира дека Moto G Stylus 2021 ќе има 6.81-инчен дисплеј, со 20:9 однос на страници и 1080 x 2400p Full HD+ резолуција (Moto G Stylus имаше 6.4-инчен екран).

Претстојниот телефон ќе го покренува Snapdragon 675 чипсет, во комбинција со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Moto G Stylus 2021 би можел да има систем со четири камери на задната страна, кои ќе го сочинуваат 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се очекува 16MP селфи камера, сместена во punch-hole oтвор.

Телефонот од старт ќе користи Android 10, а ќе го напојува 4300mAh батерија. Засега нема информации за можностите на брзо полнење на уредот, а не се познати ни датумот на објава, ниту цената на телефонот.