Google потврди дека Pixel 5a 5G е во подготовка и e на пат да биде објавен подоцна во текот на годината. Претходно се појавија извештаи дека Google ги отфрлил плановите за производство на Pixel 5a 5G телефонот, поради глобален недостиг на компоненти.

„Pixel 5a 5G не е откажан. Ќе биде достапен подоцна во текот на годината во САД и Јапонија и ќе биде објавен во период кога минатата година беше објавена А серијата“, стои во соопштението на компанијата. Google го претстави Pixel 4a 5G минатиот септември.

Сепак, се очекува дека недостигот на чипови ќе влијае на глобалната достапнота на Pixel 5a 5G телефонот. Поради тој проблем, Google засега планира да го објави смартфонот само на одредени пазари.