AMD минатата недела ја претстави RX 6000 серија на графички карти, прикажувајќи перформанси од доменот на високиот сегмент, со модерни функции и конкурентска цена.

Сега Sapphire почна со објава на тизери за својот прилагоден модел Radeon RX 6800 XT графилка карта – Nitro+. Фотографиите прикажуваат дизајн со три вентилатори, како и можен нов дизајн на сечивата.

Се очекува дека Radeon RX 6800 графичките карти ќе почнат да се појавуваат подоцна во текот на ноември од некои производители. Графичките картички ќе нудат единствен дизајн на проводникот на топлина, фабричко оверклокување и други прилагодени функции.

Кога е во прашање Sapphire, Nitro+ дизајните на компанијата вообичаено се сметаат за едни од најдобрите во рамките на прилагодените Radeon графички карти. Останува да се види што RDNA 2/Radeon RX 6000 моделите ќе донесат овојпат.