После неколку години напреден развој на технологијата и повеќе од 16 милиони поминати автономни километри, Waymo направи револуционерен чекор кон иднината во која компјутерите ќе ги заменат луѓето во возилата.

“Ова е роботски такси сервис! Ова е иднината”! – со овие зборови новинарот од The Verge го опишува Waymo One автономен такси-сервис што Google, односно Waymo го започна во Феникс, но додава дека самото возење во такви автомобили управувано од компјутер е прилично здодевно.

Имено, додека се возите не добивате впечаток дека возилото управувано од компјутер е безбедно и удобно како кога се возите во класичен автомобил.

Интересно е тоа што според возачите кои веќе некое време го делат патот со автономни компјутери, се премногу претпазливи со некои недостатоци на роботските возачи, бидејќи во ситуации кога од возачите се очекува дека можат да ги прекршат сообраќајните правила, компјутерите не го прават тоа, а таквите ситуации често знаеле да ги збунат возачите во Phoenix каде Waymo го тестира својот автономен сервис.

Корисниците едноставно ќе повикуваат такси преку мобилна апликација каде ќе ја напишат дестинацијата и ќе ја видат цената што треба да ја платат.

Внатре во автомобилот на задниот дел на предните седишта има екрани каде што патниците можат да видат сè што гледаат и сензорите на автомобилот – предвиденото движење на автомобилот.

Извор: енаука.мк