Samsung официјално го претстави Galaxy W21 5G, наследник на W20 5G моделот од минатата година. Телфонот е резвиен во партнерство со China Telecom.
Samsung Galaxy W21 5G поседува 7.6-инчен (2208 x 1768p) QXGA+ Infinity-O Dynamic AMOLED 2x главен дисплеј од внатрешната страна, додека однадвор се наоѓа 6,23-инчен (2260 x 816p) HD+ Super AMOLED Infinity Flex екран.
Уредот го покренува осмојадрен Qualcomm Snapdragon 865+ чипсет, креиран во 7nm процес, а тука е и Adreno 650 GPU. За кинескиот пазар достапни се максимални 12GB RAM и 512GB UFS 3.1 простор за складирање.
Кога се во прашање камерите, на задната страна се наоѓа 12MP главна камера (LED блиц, f/1.8, PDAF, OIS), 12MP телефото (f/2.4) и 12MP 120° ултраширок сензор. Предната камера од 10MP има f/2.2 отвор на блендата.
Телефонот го користи Android 10 со One UI 2.5, има Dual SIM (nano + nano) слот, AKG стерео звучници, Dolby Atmos поддршка и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката. Присутна е и 5G поддршка, Dual 4G VoLTE, Wi-Fi 802.11ax и друго.
Samsung Galaxy W21 5G го напојува батерија со капацитет 4500mAh, со поддршка за 25W полнење и 11W безжично полнење. Цената на телефонот во Кина изнесува околу 3000 долари.
Поврзани артикли