Популарниот Еван Блас (@evleaks) објави рендери од мобилниот телефон Nokia 2.2, кој треба да биде официјално пуштен денес на настанот во Индија.

Сликите покажуваат дека телефонот ќе има екран со засек во облик на капка, тенки рамки од лево, десно и горе. Долната рамка е нешто подебела и го содржи логото на Nokia.

Задниот дел на телефонот е направен од стакло и има една камера во центарот. Други детали, кои може да се заклучат од рендерите, се копчињата за стартување и звук на десната страна од рамката, копчето Google Assistant на левата страна и 3.5mm приклучок на врвот.