Помина доста време откако Microsoft последен пат објави што е ново во ажурирањата за Skype. Апликацијата редовно добива надградби, а инсајдерите сега се на верзијата 8.46, иако последните официјални информации ги имавме во април со 8.43 верзијата.

Ова е сега променето, а тимот на Skype сега подели информации од верзијата 8.46.76.59 Skype for Web сервисот. Апликацијата сега поддржува делење на екранот, дури и доколку сервисот го користите во Google Chrome. Со оглед на тоа дека Microsoft Edge браузерот сега е заснован на Chromium, можно е функцијата да работи и на Edge, но ова не е специфично објавено за сега.

Делењето на екранот долго беше карактеристика на Skype и Microsoft оваа опција ја донесува на се повеќе платформи во последно време. Со пристигнувањето на веб, Skype апликацијата сега е достапна на сите платформи каде што е достапен Skype v8.