Се појавија информации за новиот Moto уред, со кодно име „Kiev“, што наводно ќе се појави на пазарот Moto G 5G.
Според изворите, Moto G 5G на Motorola е базиран на новиот чипсет Snapdragon 750G, што има поддршка за 5G (вклучувајќи го mmWave стандардот), AI намалување на бучавата и прифатлива цена.
Другите спецификации на телефонот, според гласините, вклучуваат 6,66 инчен AMOLED дисплеј (2400 x 1080p), 5.000mAh батерија, 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање.
Missing some specs there?
6.66-inch
2400×1080 resolution
5000mAh battery
Google Assistant button
Coming to Verizon (w/o GA button)
Also XT2113-1 and XT2113-5 models— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) October 30, 2020
Изненадувачки се објавени и многу детали за системот на камерата. На задната страна има три камери: главниот сензор Samsung GM1 48MP Quad-Bayer, телефото сензорот Samsung S5K4H7 8MP сензорот и макро OmniVision OV02B10 2MP сензорот. На предната страна се наоѓа сензорот на OmniVision со 16 мегапиксели.
Стандардниот Moto G 5G се очекува да има доделено Google Assistant копче, како и поддршка за NFC.