Суперкомпјутеротѕ Eos, како што истакнуваат од Nvidia, треба да послужи како шаблон за градење напредна AI инфраструктура во Nvidia, но и за нивните партнери.

На својата GTC конференција, Nvidia претстави цела палета производи базирани на вештачка интелигенција, наменети за деловни корисници. Покрај новата силиконска архитектура, тука е првиот графички процесор за центрите за податоци што ја користи оваа архитектура, како и процесорот со „суперчип“, но посебно внимание привлече најавата дека компанијата работи на најбрзиот суперкомпјутер на светот кој ќе го покренува вештачка интелигенција.

Како што беше истакнато, суперкомпјутерот Eos треба да биде пуштен во употреба до крајот на оваа година, а се очекува да понуди 18,4 егзафлопи компјутерски перформанси напојувани со вештачка интелигенција. Тоа е околу четири пати побрзо од она што моментално го нуди најбрзиот суперкомпјутер во светот – јапонскиот Fugaku. Но, Eos нема да нуди само услуги за вештачка интелигенција. Nvidia напоменува дека на него ќе може да се вршат класични научни пресметки, за што ќе бидат издвоени 275 петафлопи.

Оваа неверојатна брзина и компјутерска моќ ќе ја овозможи DGX SuperPOD AI архитектурата, која ќе се состои од вкупно 576 DGX H100 системи со 4608 DGX H100 графички процесори. Доволно е да се каже дека новововедениот Nvidia DGX H100 систем содржи осум NVIDIA H100 графички процесори, меѓусебно поврзани со Nvidia NVlink, а секој DGX H100 обезбедува 32 петафлопи на AI перформанси. Севкупно, секој DGX SuperPOD пружа 1 ексафлоп AI перформанси, што му овозможува да извршува огромни пресметки со милијарди параметри.

„AI фундаментално го промени она што може да го направи софтверот и како се произведува. Компаниите ги менуваат своите индустрии со вештачка интелигенција и ја разбираат важноста на инфраструктурата за вештачка интелигенција“, истакна основачот и извршен директор на Nvidia, Џенсен Хуанг.

Eos, посочуваат од Nvidia, треба да послужи како шаблон за градење напредна AI инфраструктура во Nvidia, но и за нивните партнери.