Во текот на втората половина на 2020. година, ќе гледаме се повеќе 5G телефони во понискиот опсег на цени, а LG се приклучува на овој тренд. Јужнокорејскиот производител го претстави LG K92 5G, телефон со 5G поддршка што чини 359 американски долари.
LG K92 5G доаѓа со чипсет Qualcomm Snapdragon 690 чипсет, создаден специјално да обезбеди 5G поддршка по пониска цена. Телефонот има 6,7-инчен FHD+ FullVision дисплеј, со punch-hole за предната камера, има 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Уредот ќе се напојува со батерија од 4.000mAh.
Во областа на камерите, K92 5G има 64MP главна камера (f/1.78), а има и ултра-широк сензор од 5MP, макро од 2MP и сензор за длабочина од 2MP. На предната страна има 16MP камера.
LG K92 5G ќе биде достапен во Titan Gray варијанта, по претходно споменатата цена од 359 американски долари.
Извор: Benchmark.rs