Како што се приближуваме до почетокот на испораката на следната генерација конзоли, јасно е дека гејмерите се на врвот на исчекувањето и восхитот. И пред самиот почеток на физичката продажба, побарувачката за PlayStation 5 конзолата е исклучително голема.
Според наводите, само во текот на првите 12 часа од почетокот на претпродажбата, PS5 моделот е продаден во повеќе примероци отколку што PlayStation 4 забележи во текот на првите 12 недели.
Глобалната пандемија е секако една од причините за вака големата побарувачка за новата Sony конзола, но на уредот секако не им недостасува технички унапредувања и подобрувања, како и ексклузивни игри што ќе бидат понудени со PS5.
Извршниот директор на Sony Interactive Entertainment, Џим Рајан истакнува дека постои голема веројатност дека сите оние кои сакаат да го купат PlayStation 5 на денот на објавата нема да бидат во можност тој ден да ја пронајдат конзолата во продажба.