Според извештаите кои се појавуваат во Јужна Кореја, Samsung би можел да го следи пристапот на Apple да не нуди полнач и слушалки во пакувањето на претстојните телефони од Galaxy S21 серијата.

Индустриските инсајдери наводно потврдуваат дека Samsung разгледува од пакувањето да ги изостави сите додатоци со исклучок од USB-C кабелот. Сепак, конечната одлука се уште не е донесена.

Samsung досега во сите пакувања на своите телфони од S серијата телефони нудеше слушалки, полнач и USB кабел. Отфрлањето на додатоци во пакувањето и користењето на мали кутии потенцијално може да биде добро за животната околина. Од друга страна, продавањето на засебен полнач ќе помогне во зголемување на приходите на Samsung.

Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на Samsung и дали ова можеби ќе се одрази и на уредите на Samsung, кои не се премиум сегментот на компанијата.