Digitimes Research го објави своето истражување за состојбата на пазарот на таблетите во првиот квартал од годината.

Она што е важно да се потенцира е дека покрај “старата вест” дека Apple сè уште држи водечка позиција на овој пазар, дошло до промена на втората позиција. Samsung бил заменет со компанијата Huawei, благодарение на брендот MediaPad.

Digitimes Research, покрај Apple и компаниите Huawei и Samsung, ги споменува и компаниите Microsoft и Lenovo.

Глобалната испорака на таблет уреди во текот на првиот квартал од годината изнесувала 37,15 милиони примероци, што претставува квартален пад од 12,9%, но забележува раст од 13,8% на годишно ниво. Повеќе од 50% од таблетите испорачани во текот на кварталот имале дијагонала од 10,1 инчи и поголема.

Што се однесува до производителот на чипови, водечки производител е компанијата Qualcomm, додека на второ место е Mediatek. Во текот на вториот квартал, се очекува пад на испораките од 8,9% на квартална основа и пад од 8,7% годишно.