Како што се приближуваме до 2021. година, се појавуваат се повеќе детали за наводната Nintendo Switch Pro конзола. Најновите информации сугерираат дека освежената конзола ќе има Mini-LED дисплеј, што ќе го подобрува визуелното искуство додека се игра на рачната конзола.

Гласините ги покрена Economic Daily News, кој тврди дека Nintendo ќе склопи партнерство со производителот на дисплеи Innolux, за да овозможи подобрени дисплеи на Switch Pro конзолите.

Актуелниот Nintendo Switch користи LCD дисплеј, но Switch Pro наводно ќе користи Mini-LED  екран. Mini-LED технологијата нуди постандардно „local dimming“ решение, што значи дека дисплејот може да понуди повисоки нивоа на контраст благодарение на уфрлање на „зони“ на дисплејот кои можат да се исклучат за да се креираат подлабоки црни нијанси.

Ќе биде интересно да се види како Nintendo со својот Switch Pro модел ќе одговори на PlayStation 5 и Xbox Series X конзолите, кои пристигнуваат на пазарот за неколку недели.