Паметни звучниците стануваат се попопуларни и ни овозможуваат да извршуваме повеќе активности користejќи исклучиво гласовни команди. Lenovo сакада го однесе овој концепт на сосема поинакво ниво со премиерата на новиот Smart Display. Всушност, ова е прв паметен дисплеј во светот кој поддржува Google Assistant. За разлика од паметните звучници, овој производ има голем екран, со кој можете визуелно да бидете во интеракција со платформата со вештачка интелигенција.

Lenovo Smart Display може да детектира одговори на сите ваши прашања во интернет, но исто така да се погледне, открива и диктира на глас рецепти за различни кулинарски јадења, но исто така да стартува музичкиот плеер, да се поврзува безжично со смартфоните и др. За да го активирате уредот е потребно да ја изговорите традиционалната гласовна команда „Hey Google“, но ако додадете пример „Good Morning“ на екранот ќе ги видите најновите информации за сообраќајот, најновите вести и временската прогноза, пишува „Engadget“.

Уредот на Lenovo e базиран на Qualcomm Hub Platform и користи 8-јадрен Snapdragon 624 процесор кој е дополнет од 2GB RAM и 4GB вградена меморија. Поддршка за гласовни повици со мрежи на Google Duo и Wi-Fi 802.11ac е вклучено. Напред има 5 мегапикселна камера со 720p резолуција, која се вклучува со хардверско копче кое овозможува да го стартирате и запрете микрофонот. Можете да изберете помеѓу верзии со 8 и 10-инчен IPS дисплеј со цена од 199 или 249 долари, кои ќе бидат достапни до крајот на август.