Google почна со имплементирање на поголемо ажурирање за својата YouTube апликација на Android и iOS платформите. Ажурирањето донесува нови функции, поедноставен интерфејс и гестикулации.

Сега на поинтуитивен начин е можно да се влезе и излезе од full-screen модот. Со повлекува кон долу во видеото што се гледа, од панорманскиот режим се преминува во полн екран, а видеото со повлекување надолу е можно и да се минимизира.

Копчињата за close captions и autoplay повеќе не се скриени и сега се видливи директно од менито, полесно им се пристапува, додека другите копчиња се прераспоредени за уште подобра навигација.

Неодамна претставената Video Chapters функција на десктоп сега пристигнува и на YouTube апликацијата. Оваа опција ја прикажува листата на сите секции на видеа, заедно со прегледот за полесна навигација.

За дополнително подобрување на искуството на навигација низ апликацијата, сега се вклучени и сугерираните акции кои предлагаат телефонот да се ротира или видеото да се гледа во VR.