Huawei MatePad 10.4 кој беше откриен минатата година, сега се појави на неколку малопродажни сајтови во Кина, а сугерира дека таблетот ќе биде претставен на 23 април (истиот ден кога се очекува и Huawei Nova 7 линијата смартфони).

JD.com и VMall прикажаа и фотографии и некои спецификации на таблет уредот. Спецификациите вклучуваат 10,4-инчен дисплеј, 4GB/6GB RAM и 64GB/128GB простор за складирање. Уредот ќе има дебечина од 9 мм и тежина од 810 грама. MatePad 10.4 ќе биде достапен во Wi-Fi (4GB/64GB i 6GB/128GB модели) и LTE (6GB/128GB) варијанти.

huawei2_242.jpg

Фотографиите на таблетот покажуваат поддршка за паметно пенкалце, додека „Sound By Harmon Kardon“ натписот ги потврдува подобрувањата на звукот. На таблетот постојат две камери, една од предната страна и една на задниот дел. Двете камери имаат 8MP сензори.

MatePad 10.4 би требало да има Kirin 810 чипсет, 7250mAh батерија и EMUI 10.1 Lite кориснички интерфејс. Цената на таблетот засега не е позната.