Овој компактен SUV ќе биде првиот автомобил на шведската компанија кој ќе добие чисто електрична верзија.

Ова го потврди шефот за дизајн, Томас Ингенлат кој е задолжен за изгледот на новата генерација на автомобилите на шведската компанија.

Ингенлат во разговор за “Autocar” при претставувањето на новиот S60 потврди дека XC40 на електрична енергија ќе пристигне откако Polestar, брендот кој што се издвои од Volvo ќе го лансира својот втор електричен автомобил во 2019. година, кој ќе ја има ознаката „2“.

Polestar-1 ја имаше премиерата во октомври 2017-та година како прв модел на самостојната автомобилска компанија која што претходно беше позната по модификацијата на Волво автомобилите. Во прашање е спортски купе автомобил со хибриден погон кој што располага со 600 коњски сили.

После електричниот XC40, ќе следува и електричен XC90, но дури во 2021. година кога ќе биде претставена новата, трета генерација на овој голем SUV модел. Инаку, новиот XC90 ќе се произведува во фабриката на Volvo во Соединетите Американски Држави, каде што исто така се произведува новиот S60.

Ингенлат изјави дека Volvo ќе се фокусира на електричните верзии на постоечките модели, наместо да развива некој посебен модел кој ќе има погон на електрична енергија. Тој предвидува дека Polestar ќе биде првата компанија која ќе ги развива своите модели исклучиво на електричен погон.