Телефоните ќе изгубат помеѓу 5-10 проценти од оригиналниот капацитет на батеријата за околу една година активна употреба, во зависност од временските услови околу вас и начинот на кој го користите и полните смартфонот. Значи, проблемот е – како да постигнете телефонот да го имате подолго од три години и да не се грижите дека неговото траење на батеријата ќе биде причина за купување на нов?

Решение може да се најде дури и порано отколку што мислевме, благодарение на јапонскиот научен тим од Јапонскиот напреден институт за наука и технологија (JAIST). За новооткриениот материјал се вели дека им помага на батериите да го забават процесот на разградување, задржувајќи 95 проценти од својот оригинален капацитет во текот на пет години или подолго. Ако ова е точно, вашиот нов паметен телефон ќе остане употреблив многу подолго отколку порано – што е одлично доколку сакате да го задржите пет или повеќе години. Со нови, поштедливи процесори, кои ќе имаат поддршка и за четири генерации на ажурирања на Android, ова би можело да биде голема работа за сите потрошувачи и пред се голема заштеда.

Во секој случај, новиот материјал кој го откри JAIST се нарекува Bis-imino-acenaphthenequinone-Paraphenylene (BP), и не само што звучи како најдолгата магија на Хари Потер, туку може и да се покаже дека делува магично. Се наведува дека им помага на батериите на паметните уреди да задржат 95 проценти од својот капацитет, дури и по 1700 циклуси на полнење. Ако било што од ова звучи познато, тоа е затоа што апстрактното име на новата технологија на батеријата е сложен начин да се каже – графит.

Како што изјави професорот Матсуми, се очекува дека новата технологија на батерија ќе ги направи паметните телефони долгорочно поиздржливи, а исто така и поодржливи. Се чини дека технологијата ќе има корист и од производителите, од кои се очекува да почнат да влегуваат на новите пазари на паметни уреди. Не е тајна дека Apple, Xiaomi и Huawei планираат да влезат на пазарот на електрични возила (EV). Xiaomi веќе некое време всушност произведува електрични скутери, кои исто така можат да имаат корист од новооткриената технологија на батерии.