Благодарение на видео од расклопување, што го објави Century Weifeng Technology, имаме подобар увид во внатрешноста на 6,1-инчниот iPhone 12 модел.

Видеото ги споредува iPhone 12 и iPhone 11, а иако постојат некои сличности во вкупниот изглед на изработката на телефоните, новиот дизајн имплементира и некои битрни разлики. Логичката плоча е поголема на iPhone 12 моделот, најмногу поради дополнителните 5G можности кои бараат дополнителен чип. Овој 5G модем е идентификуван како Qualcomm X55.

Иако логичката плоча е поголема, постојат неколку елементи кои Apple ги намалил со цел димензиите на iPhone 12 моделот да бидат помали. Склопот за OLED дисплејот е потенок, Taptic Engine е значително помал, а откриено е дека капацитетот на батеријата е 2815mAh (што е за околу 15% помалку отколку кај iPhone 11).

Сето наведеното прави iPhone 12 да биде за 11 проценти потенок и 16 проценти полесен во споредба со iPhone 11.

На задната страна убаво се гледа MagSafe магнетниот систем, додека прстенот е креиран во целост од магнети што се користат за MagSafe додатоци.