Microsoft почна со испорака на Windows 10 October 2020 ажурирање. Иако не се работи за големо ажурирање, тоа донесува некои битни измени и подобрувања.
Со ажурирањето, Start менито доби нов изглед. Според наводите на Microsoft, новиот дизајн е посведен и поуниформен кога е во прашање изгледот на табовите/тајловите, кои исто така добиваат и проѕирна позадина. Можно е да се додаде и акцентирна боја за Start менито, таскбар и акцискиот центар. Новиот изглед е почист и понималистички.
Microsoft го ажурираше и интерфејсот за известувања, кој го додава логото на апликацијата во горната лева страна и има X ознака за гаснење на известувањата.
Со Windows 10 October 2020 ажурирањето, Microsoft подлабоко го интегрираше Edge браузерот во оперативниот систем. Edge сега има и подобрена верзија, со подобри перформанси, подобро рендерирање на веб-страници, новата Collections функција и други подобрувања.
Оние кои имаат 2-во-1 уреди, исто така добиваат одредени подобрувања. Тоа го вклучува однесувањето на Windows 10, кој повеќе не поставува прашање дали корисникот сака да влезе во доделениот таблет мод. Наместо тоа, автоматски се подобрува десктоп искуството за интерфејсот што е поприлагодлив на внес со допир.
Windows 10 October 2020 ажурирањето овозможува и промена на стапката на освежување на дисплејот преку Windows 10 Settings апликацијата; новите компјутери со прединсталирниот апдејт ќе имаат подобри прилагодувања за профилот кога прв пат ќе се логираат.