Инсталирањето е крајно едноставно затоа што воглавно се користи постоечката инфраструктура

Зад автомобилите, вановите и камионите има големо воздушно струење, односно неискористена енергија во сообраќајот. Токму затоа бизнисменот Бери Томпсон од Кент во Велика Британија одлучил истата да ја претвори во нешто корисно.

Неговата компанија, Alpha 311, започнаla со производство на цилиндрични турбини (една чини околу 20.000 фунти) кои се поставуваат покрај патиштата на столбовите за јавно осветлување или други носачи. Една турбина на ветер покрај патот произведува иста количина електрична енергија колку и 21 квадратни метри соларни панели. Турбините на Томпсон во моментов се високи околу два метра, а тој сега работи на нивно намалување.

Инсталирањето е крајно едноставно, бидејќи се користи постоечката инфраструктура. Овие ветерни турбини веќе ги договориле некои американски градови, а инсталацијата на британските патишта треба да започне наскоро.

Извор: Додај Гас