Директорот на компаниите Tesla и Boring Company е уверен дека неговата компанија би му заштедила на CERN неколку милијарди евра.

Идниот кружен акцелератор на честички, 100 километри долгиот тунел под Швајцарија во кој научниците на CERN ќе изведуваат физички експерименти, би можел да добие интересен партнер.

Елон Маск, директорот на компаниите Tesla и Boring Company се пофалил на Твитер дека разговарал со директорката на CERN, Фабиола Џианоти за можноста неговата компанија Boring да ископа тунел за идниот кружен акцелератор.

Маск е уверен дека неговата компанија би му заштедила на CERN неколку милијарди евра. Со оглед на неодамна претставениот и успешно направен тунел под Лос Анџелес, ваквиот предлог и не изгледа баш неверојатно.

Во CERN се секогаш отворени за нови партнерства и технологија за да ја олеснат реализацијата на нивниот план за изградба на идниот акцелератор на честички. Но, проектот на идниот кружен акцелератор само што беше претставен и неговиот план на изградба сѐ уште не е ни прифатен, а до реализацијата би можело да пројдат и неколку години.

Извор: Zimo.hr