Француската технолошка компанија Devialet го објави својот прв нов производ по две години.
Комплетот безжични слушалки, наречени Gemini, ќе дебитираат на пазарите на 25. ноември, а цената во САД ќе биде 299 долари, во Германија и Франција ќе бидат достапни за 299 евра, додека во Велика Британија и Кина за 279 фунти и 2.380 јуани. Пред-нарачките ќе бидат достапни од 10. октомври.
Devialet е поддржана од Џеј Зи, како и најбогатиот Европеец – Бернард Арно. Французинот има богатство од 86,5 милијарди долари, што го рангира на петтото место меѓу најбогатите луѓе во светот.
Со цена од 299 долари во САД, Gemini се далеку поскапи од Samsung Galaxy Buds Live, понудени за 169 долари и AirPods Pro на Apple, кои се продаваат за 249 долари.
Компанијата Devialet, што досега беше позната на пазарот по своите звучници со цена од 3.000 долари, освои голем број обожаватели, меѓу кои и Извршниот директор на Tesla, Елон Маск.
Безжичните слушалки на компанијата нудат голем број опции, како што е 8-часовно траење на батеријата, безжично полнење и многу повеќе.