Samsung го претстави смартфонот Galaxy A42 5G – најновиот уред од серијата А.

A42 е најевтиниот смартфон што поддржува 5G мрежа и чини околу 455 долари или 385 евра. Претходно, титулата најевтин смартфон припаѓаше на моделот A51 5G кој чини 500 долари.

Galaxy A42 има Snapdragon 750G процесор, 6,6 инчен OLED екран со селфи камера од 20 MP.

На задната страна се сместени четири камери, широка од 48, ултраширока од 8, макро од 5 MP и сензор за длабочина од 5 MP. Го напојува батерија од 5.000 mAh.

Купувачите ќе може да бираат помеѓу црна, сива и бела боја. Galaxy A42 е конкуренција на новиот OnePlus Nord.

Извор: Klix.ba