Најголемото познато растение во светот, кое е три пати поголемо од Менхетен, е откриено крај брегот на Австралија.

Користејќи генетско тестирање, научниците открија дека големата подводна трева во Австралија е всушност едно растение. Се верува дека се шири од едно семе најмалку 4.500 години. Оваа морска трева зафаќа површина од 200 квадратни километри, тврдат научниците.

Тимот дошол до откритието сосема случајно, во заливот Shark, околу 800 километри северно од Перт.

Научниците мораа да ја разберат генетската разновидност на еден вид алги кои вообичаено се наоѓаат по делови од австралискиот брег. Тие направија слики и анализираа 19.000 генетски маркери за да создадат „отпечаток“ од секој примерок.

„Резултатот не изненади, имаше само еден отпечаток. Тоа е тоа, едно растение се рашири до заливот на ајкулите и стана најголемо на планетата“, изјави научникот Џејн Еџело.

Растението е многу отпорно и расте на локации преку заливот и во многу променливи услови.

„Изгледа дека е многу отпорно бидејќи преживува широк опсег на температури и соленост, како и услови на екстремно висока светлина. Сето ова инаку би било многу стресно за повеќето растенија”, вели научникот Елизабет Синклер.

Овој вид на алги расте како обична трева и до 35 см годишно. Затоа, научниците процениле дека биле потребни најмалку 4.500 години билката да се прошири до нејзината сегашна големина.