Apple веќе закажа настан за следната недела, кога се очекува да бидат претставени новите iPhone 12 модели. Досега, гласините не се фокусираа премногу на засекот или punch-hole отворот во дисплјеот, што укажува на тоа дека линијата iPhone 12 ќе го задржи широкиот notch што беше дел од екранот во последните три години.
Популарен дојавувач сега на Twitter објави дека засекот во екранот ќе биде задржан и кај iPhone 12 моделот, но ќе биде присутен и на iPhone 13 моделите од следната година, но се очекува дотогаш да биде помал.
— Ice universe (@UniverseIce) October 7, 2020
Иако е сè уште прилично рано да се прават вакви прогнози за идните телефони, Ice Universe е прилично сигурен дојавувач, така што оваа информација би можела да се испостави како точна.
Apple дефинитивно не планира да ги следи трендовите со отвори или мали засеци, и ќе го задржи Face ID уште некое време. Компанијата може да го задржи засекот, сè додека камерата под екранот не стане мејнстрим карактеристика на смартфоните.