Huawei во март оваа година го претстави P30 Lite телефонот од средниот сегмент. Кинеската компанија наскоро би можела да објави и надградена верзија на уредот, која би имала нов дизајн и ажурирање на софтверот.

Според сознанијата од дојавувачот Ishana Agarwal, уредот на пазарот пристигнува како P30 Lite (2020) и веројатно наскоро ќе биде објавен во Европа. Телефонот ќе пристигне во две бои, сина и Breathing Crystal. Кога е цената во прашање, се очекува дека ќе чини 349 евра.

Актуелниот Huawei P30 Lite има 6.15-инчен дисплеј со Full HD+ резолуција, го покренува 12nm Kirin 710 осмојадрен процесор и Mali-G51 MP4 GPU. Телефонот има до 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Присутни се три камери на задната страна (48MP главен сензор на селектираните пазари или 24MP на останатите пазари). Тука е и батеријата со 3340mAh со 18W брзо полнење.

Хардверските спецификации на P30 Lite (2020) моделот засега се непознати, но се очекува дека ќе пристигне со EMUI 10 корисничкиот интерфејс.