Apple можеби беше првиот кој објави телефон со доделена телефото камера (iPhone 7 Plus од 2016 година), но оттогаш е прилично неинвентивен на ова поле. Според познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, тоа нема да се промени наскоро.

Куо за една година го промени своето првично предвидување и сега тврди дека Apple нема да имплементира перископ леќа во iPhone пред 2023 година. Ова е во согласност со неговите други предвидувања. Во меѓувреме, iPhone моделите за следната година ќе имаат надградена оптика со телефото сензори, но во класичен дизајн.

Леќата на главната камера ќе биде надградба, од 7P дизајн на 8P, што треба да ги подобри перформансите на оптиката за 10-20 проценти.

Годинашните модели на iPhone ќе почнат со надградба на оптиката преку подобрување на широкоаголните сензори. Од 5P ќе се премине на 6P (барем кога станува збор за iPhone 13 Pro моделите). Новата леќа би требало да има посветол отвор на бленда и автофокус.

Според аналитичарите, Face ID ќе остане и натаму присутен, но ќе има малку изменет хардвер. Од оваа година, Apple наместо стаклени ќе користи пластични леќи. Меѓутоа, ова би можела да биде и последна година кога ќе го видиме Face ID на iPhone, а од 2022 година се очекува премин кон сензори за отпечатоци во екранот, како и punch-hole отвор, наместо засек.