Како што влегуваме во десетиот месец на пандемијата во која новиот коронавирус предизвика вирус ширум светот, досегашните истражувања покажа дека Ковид-19 се манифестира на апсолутно бизарни начини.
Додека првите истражувања како најважни симптоми ги истакнуваа кашлицата, зголемената температура и необјаснивата испрпеност како главни показатели дека некој има Ковид-19, поновите истражувања потврдија дела губењето на мирисот и вкусот се всушност едни од главните и најпрепознатливи симптоми на болести, и тоа без запаление на слузокожата на носот, односно течењето на носот.
Многу научници сега веруваат дека аносмијата (губењето на мирисот), е еден од најраните занци на зараза, но неодамнешното ново и многу значајно истражување на индиските научници покажа дека заразените со коронавирус всушност не чувствуваат само одредени мириси.
Индиските научници направија тест на мирис врз основа на пет различни типови ароми, што најчесто се користат во индиските домаќинства. Петте избрани ароми се лук, пеперминт, кардам, кокосово масло и анасон.
Тестирањето е спроведено така што аромите биле ставени во цевки и запакувани во вреќички, па волонтерите имале задача да забележат дали го почувствувале мирисот на аромата во вреќичката или не. Во студујата учествувале 49 асимптоматски пациенти и 35 здрави волонтери. Стутијата е спроведена два пати, а вториот пат бил заменет редоследот на аромите и додадена била вода во тестот.
Првата битна работа што ја откри студијата е дека пациентите кои имаат Ковид-19 не го губат во целост сетилото за мирис, и тоа го пријавиле само 4,1 процент од испитаниците. 38,8 отсто не можеле да препознаат една арома, а 16 проценти две. Меѓу здравите волонтери само 14 проценти од нив не можеле да намирисаат една од петте ароми во вреќичките.
Кога сите податоци биле споредени, индиските научници ги изолорале двете ароми кои Ковид-19 пациентите не можат да ги намирисаат, а тоа се кокосово масло и пеперминт.
Авторите на студијата сметаат дека нивната студија би можела да помогне во препознавање на асимптоматските пациенти, а веруваат дека истиот тест би можел да биде спроведен и дома.