Капсулата за човечки екипаж на компанијата SpaceX успешно се спои со Меѓународната вселенска станица и со тоа американската компанија е чекор поблиску да лансира и луѓе во вселената.

Станува збор за последното од низата тестирања на капсулата Crew Dragon кое мора да го помине за НАСА да одобри превоз на луѓе со него. Ракетата Falcon 9 и вселенската капсула Crew Dragon беа лансирани ноќта во саботата од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида. Вчера успешно се спои со меѓународната вселенска станица.

Тоа е првата комерцијално изградена американска ракета и летало, лансирано од американска територија. Со оваа вселенска програма целта е за да се заврши со зависноста на Америка од Русија, за летови на Станицата.

Планирано е од јули SpaceX да ги превезува американските астронаути до Станицата, а овој пат до Меѓународната вселенска станица пристигна единствениот патник во капсулата, куклата наречена Рипли, со тежина од 90 килограми, во вселенско одело на Tesla.