Градоначалникот на Чикаго, Рам Емануел го објави изборот на компанијата на Елон Маск, „The Boring Company“, за изградба и управување со експресната транзитна линија помеѓу меѓународниот аеродром О’Хеар и центарот на градот. Патот, за кој обично треба околу 40 минути помеѓу двете точки, ќе се поминува за 12 минути преку електрични возила кои минуваат низ нови подземни тунели близнаци. Проектот ќе биде целосно финансиран од „The ​​Boring Company“.

Целиот проект најверојатно ќе чини под 1 милијарда американски долари, а Маск планира да го финансира делумно и преку продажби, кои ќе се вршат внатре во превозните средства. Во приходите од „The ​​Boring Company“, исто така, ќе влезат и транзитните такси на системот и парите од рекламна кампања. Проектот ќе биде еден од централните за планот на Маск за изградба на подземни транзитни тунели – компанијата уште е во преговори и за изградба на тест тунел под Лос Анџелес и веќе доби дозвола за почеток на градење тунели под Вашингтон.

Во март Маск рече дека ќе го пренасочи фокусот на „The Boring Company“ не толку кон индивидуалните автомобили што минуваат низ тунелите како кон масовниот градски превоз како футуристички возови за метро и други.

Во проектот во Чикаго се предвидени возила, секое од кои располага по 16 патници плус багаж, кој тргнува од О’Хеар на секои 30 секунди. Планот е за транспортните цени да бидат еднакви или дури и пониски од сегашните цени на урбаниот транспорт. Маск сака билети да бидат 1 долар по лице, а ископаното од тунелите да се обработува и употребува во форма на тули. Но, во Чикаго сепак нема да биде вклучена супер-брзата линија, што планира да ги поврзе Њујорк и Вашингтон.