AOC во рамките на својата E2 серија монитори претстави три нови модели – Q32E2N, U32E2N i Q34E2A. Новите модели имаат VA односно IPS панели со дијагонала од 31,5 и 34 инчи. Производителот наведува дека наведените модели подеднакво се наменети за професионалните и куќни корисници.
Ценовно најповолниот модел доаѓа под ознаката Q32E2N (воведна слика), а се работи за монитор со дијагонала од 31,5 инчи со VA панел со резолуција 2.560 x 1.440 пиксели. Мониторот има однос на страници од 16:9 и тенки рамки поради што е способен за користење во компјутерски конфигурации со два или повеќе монитора. Го одликува фреквенција на освежување од 75Hz, контраст од 3000:1, осветлување од 250 нита и време на одзив од 4 ms. Што се однесува до конекторите, покрај напонскиот има и два конектора за спојување со графичката картичка на компјутерот – по еден HDMI и DisplayPort.
Моделот Q34E2A се смести во средина, како според спецификациите така и по цената. Опремен е со IPS панел со резолуција 2560 х 1080 пиксели, контраст од 1000:1 и однос на страници 21:9. Фреквенцијата на освежува исто така изнесува 75 Hz, како и времето на одзив од 4 ms. Овој монитор се одликува со подобро осветлување (300 нита) и поголем број на видео влезови – ги има вкупно три, два HDMI и еден DisplayPort.
Како најдобар, но и најскап модел се истакнува мониторот со ознака U32E2N. Дијагонала на VA панелот е 31.5 инчи, а резолуцијата изнесува 3.840 x 2.160 пиксели. Односот на страници е 16:9, комнтрастот 2500:1, а фреквенцијата на освежување 60 Hz. И додека U32E2N моделот има ист број на видео влезови и време на одзив како и Q34E2A, го надминува по прашањето на осветлувањето, кое изнесува 350 нита.