Во Египет, во некропола во близина на Каиро, пронајдени се 59 добро сочувани саркофази, стари повеќе од 2.600 години.

Египетскиот министер за туризам и антиквитети Калид Ал-Анани изјави дека саркофазите се пронајдени во многу добра состојба, пренесува NBC.

Група свештеници и високи функционери од доцниот период на стар Египет се закопани во ковчезите.

На снимките објавени од Министерството се гледаат шарени саркофази украсени со древни египетски хиероглифи.

Пронајдени се и други артефакти и најмалку 28 статуи.