Компанијата AOC го прошири своето портфолио на преносни монитори, кој сега го вклучува новиот I1601P модел. Се работи за 15,6-инчен монитор, кој е компактен и според големината многу сличен на лаптоп дисплеите.

AOC I1601P има FullHD резолуција и IPS технологија на панелот, за да обезбеди поживописни бои, поостар приказ и пошироки агли на гледање.

За поврзување, I1601P користи USB-A и USB-C влезови, се благодарение на решението преку еден кабел. Конекциите ќе го напојуваат дисплејот и ќе пренесуваат податоци преку USB DisplayPort Alternate режимот за USB-C придвижуваните уреди или ќе користи USB DisplayLink технологија за USB-A портовите.

Дизајнот на AOC I1601P мониторот е минималистички, со сива алуминиумска задна страна и црни рамки од предната страна. Придружниот SmartCase го штити дисплејот од гребнатини, а служи и како преклопен сталак. Дисплејот е тежок околу 800 грама.

Спецификациите на AOC I1601P мониторот вклучуваат 15.6″ IPS панел, со 1920 x 1080p резолуција, освежување од 60Hz и 4ms GtG одзив. Осветлувањето е 220 нита, а мониторот нуди LowBlue технологија која штити од ефектите на сина светлина.

AOC I1601P преносниот монитор ќе биде достапен од август, по цена од 239 евра.