HMD Global закажа презентација за 8 април, во текот на која се очекува да бидат објавени неколку нови телефони на Nokia. Ова го вклучува моделот Nokia C20, кој штотуку доби Bluetooth SIG сертификат.

Bluetooth SIG листингот за C20 открива дека смартфонот ќе има четири различни модели, веројатно со различни конфигурации на меморија и за различни региони. Тоа се ТА-1352, ТА-1356, ТА-1339 и ТА-1348.

Се сугерира и дека Nokia C20 ќе го покренува   Unisoc чипсет. Претходните гласини сугерираат дека основната варијанта на уредот ќе нуди 1GB RAM и 16GB простор за складирање, по цена од околу 90 евра.

Во текот на претстојната презентација, покрај моделот Nokia C20, би можеле да ги видиме и Nokia X10, Nokia X20, Nokia G20 и Nokia G10 телефоните.