Двоецот Poco M2 никогаш не тргна пат за Европа, но Poco M3 доаѓа – всушност пристигнува денеска. Компанијата веќе ги навестува клучните спецификации, но ќе задржи еден дел од информациите за крајот на презентацијата – цената.

Меѓутоа, нема потреба да чекате, бидејќи според доверлив типстер, цените на Poco M3 се движат од 150-160 евра за основниот модел од 4/64GB, а удвојувањето на просторот за складирање на 128GB доаѓа со скромен скок на цената на 170-180 евра.

Смартфонот ќе има екран со дијагонала 6,53 инчи, Snadragon 662 чипсет и батерија од 6.000 mAh, според официјалните најави на компанијата. Последниот тизер открива и дека камерата ќе има сензор од 48MP.

Се работи за тројна камера со необичен дизајн – камерите се наоѓаат на врвот на црната украсна плоча која се простира во ширина на телефонот. Xiaomi на Twitter објави кратко видео кое го покажува дизајнот, но бидејќи видеото е со ниска резолуција, подобро е да ја почекате денешната презентација која ќе биде одржана онлајн од 13 часот по наше време.