LG во соработка со E-mart развива количка за купување која сама ќе се движи низ продавницата и ќе ги следи купувачите, а ако ви затреба некој производ, количката ќе ве одведе до полицата на која се наоѓа.

Технолошките и автомобилски компании вложуваат милијарди долари во автономната технологија. На тој начин, во иднина компјутерите ќе ја преземат контролата над автомобилите и камионите, додека луѓето ќе бидат само патници и повеќе неа да управуваат со возилата. LG исто така развива автономна технологија, но за целосно поинаков тип „возила” – во соработка со јужнокорејскиот трговски ланец E-mart работат на роботи кои би требало да овозможат подобро искуство на купување.

Еден од таквите роботи е паметната автономна количка за купување која значително би требало да го олесни пазарењето, бидејќи купувачите нема да мораат ја туркаат низ продавница, туку самата ќе ги следи купувачите. На ваквите колички ќе работи роботскиот оддел на LG, Advanced Robotics Lab, и освен автономната технологија за самостојно движење и следење на купувачите, ќе ја користи и технологијата за препознавање на објекти, со цел количката да не се судира со луѓето во другите објекти во продавницата.

Исто така, во количката ќе се имплементира и технологијата која претходно ја разви E-mart – компанијата веќе престави колички за купување кои на купувачите им помагаат во пронаоѓање на продуктите во продавница и содржат терминал за плаќање.

За да се користат ваквите опции, потребно е да се употребува апликацијата на E-mart, и кога се во продавница, купувачите во рамки на апликацијата треба да во внесат производодт кои го бараат, па количката сама ќе ги одведе до полицата со тој артикал.