Аналитичарите на Волстрит предвидуваат дека претстојниот iPhone 12 mini ќе биде паметен телефон на Apple исклучиво со поддршка за 4G мрежи и би требало да чини помалку од 699 долари.
Досегашните извештаи, меѓу новите модели од iPhone 12 серијата, го споменуваат и таканаречениот entry-level iPhone 12 mini модел со екран од 5,4-инчи.
Постоењето на овој модел на iPhone го потврдија и одредени аналитичари од Волстрит, кои ја додадоа и информацијата дека се работи за iPhone, што исклучиво ќе поддржува 4G мрежи, а во согласност со логиката и информациите, овој модел би требало да чини помалку од минатогодишниот iPhone 11, што значи помалку од 699 долари.
Аналитичарите на Rosenblatt, пак, споменуваат два модела на iPhone со поддршка исклучиво на 4G мрежи. Новата iPhone 12 серија уреди ќе има OLED екрани, A14 Bionic чип и би требало да пристигне во три големини од 5,4, 6,1 и 6,7-инчи.
Поврзани артикли