IDC ги откри своите најнови истражувачки резултати за глобалната испорака на таблет уреди, кои ја потврдуваат предноста на Apple над конкуренцијата. По освежувањето на iPad Air во 2020 година и лансирањето на надградениот iPad Pro претходно оваа година, сега се очекува Apple да го ажурира и iPad Mini.

IDC проценува дека Apple испорачал 12,9 милиони iPad уреди во вториот квартал. Најблиска конкуренција му е Samsung, кој оствари испорака од осум милиони. Samsung Galaxy Tab S7 моделите нудат фантастичен хардвер и остри OLED екрани, но и натаму ги кочи недоволно добратата понуда на апликации за Android. Lenovo, кој продолжува да ги објавува добро прифатените Chromebook и Chrome OS таблет уреди е на трето место со испорачани 4,7 милиони уреди, додека Amazon е четврти со испорачани 4,3 милиони Fire таблети.

Испораките на компјутери и таблет уреди се зголемија за време на COVID-19 пандемијата, бидејќи луѓето се прилагодија на работа од дома и учење на далечина. Податоците на IDC откриваат дека испораките на Chromebook пораснале за 68,6 проценти на годишно ниво на 12,3 милиони примероци испорачани во вториот квартал.

Сепак, IDC укажува на можно забавување на продажбата на Chromebook и таблет уреди поради честиот недостаток на чипови и намалената побарувачка на потрошувачите, бидејќи се повеќе луѓе се враќаат на работните места или училниците. Apple посочи дека ограничувањата за снабдување може да бидат штетни за продажбата на iPad во следните месеци, а би можел да биде погоден и iPhone.