Google со сите сили се труди Meet да стане конкурентен и да стигне на врвот на листата за видео повиви. Апликацијата има се повеќе функции, а премиум услугите станаа бесплатни од почетокот на пандемијата. Gmail корисниците овие бесплатни и неограничени повици ќе можат да ги користат се до 2021. година.
Google уште на почетокот на март објави дека сите Hangouts Meet премиум услуги – состаноци до 250 корисници, интерен live стриминг и снимање на состаноците на Drive – ќе бидат бесплатни за сите G Suite корисници. Еден месец подоцна предностите стигнаа и до регуларните корисници, па сервисот е интегриран во Gmail.
Требаше разговорите да останат неограничени до 30. септември, и беше планирано по тој рок да се врати ограничувањето од 60 минути. Ден пред истекот на рокот, Google објави дека неограничените повици за регуларните Gmail корисници остануваат се до 2021. година.
Ова е уште еден од начините да им се конкурира на другите сервиси, бидејќи неограничените резговори се голема предност кога се во прашање деловните состаноци.