Откако корисниците на уредите на Apple уште во март оваа година го добија dark mode на YouTube, тој сега е достапен и за оние кои користат уреди со оперативниот систем Android.

Овој темен режим може да се пронајде во секцијата General – Settings и полека се појавува на уредите на корисниците ширум светот.

Режимот ја менува главната подлога на интерфејсот во темно сива боја, додека буквите се со бела боја, а ќе биде корисен првенствено за очите на корисниците кои го користат YouTube во текот на ноќта, односно во услови на недостаток на светлина.

Исклучок можат да бидат клиповите кои заслепуваат.