Номенклатурата за iPhone 12 mini повторно се појави, откако постоењето на овој модел на телефон прв пат беше навестено претходно во текот на неделата. Сега новите протечени информации ги потврдуваат имињата на новите уреди.

Се појавија фотографии од наводни стикери за заштитни маски за новите iPhone модели, заедно со информации што укажуваат на претстојната iPhone 12 линија. Стикерите наводно пристигнуваат дистрибутивниот центар на Apple во Ирска и ги прикажуваат секоја од iPhone 12 варијантите што се очекуваат.

Почнувајќи од долниот стикер, ги имаме 6,7 инчниот iPhone 12 Pro Max Case во црна боја, потоа iPhone 12 и iPhone 12 Pro со големини на екранот од 6,2-инчи. На крајот, тука е 5,4-инчниот модел, за кој се верува дека iPhone 12 mini.

Фотографијата ја објави дојавувачот DuanRui, чија претходна репутација укажува на тоа дека се работи за доверлив извор. Фотографијата ги порикажува и ознаките на моделите на маски: MHL732M/A и MHLG32M/A, а Apple овие имиња не ги користел во минатото.

Доколку се обистинат гласините, тоа би било прв пат Apple да го користи „mini“ името во рамките на својата iPhone линија. Компанијата веќе имаше мини верзии на iPad и Mac уредите.