WhatsApp работи на поддршка за повеќе уреди, па така истите уреди ќе можат да се читаат од неколку екрани, а благодарение на синхронизацијата на претходните комуникации. Еден профил ќе може да биде функционален на повеќе уреди, што значително ја олеснува и забрзува комуникацикајата.

WhatsApp поддршката за повеќе уреди моментно се нуди преку WhatsApp Web, а опцијата функционира само кога уредот е поврзан на интернет. Новата поддршка за повеќе уреди не бара телефонот константно да биде поврзан и на корисниците им овозможува симултано да комуницираат од повеќе уреди. Тука е и поддршката за chat history синхронизацијата, а пристигнува и iPad апликација, за која веќе подолго време се зборува.

Платформата моментно брои преку две милијарди корисници, а бројот константно се зголемува. Поради тоа, редовно пристигаат и нови опции, од кои најголем број се однесуваат на безбедноста на корисниците и спречување на ширењето на лажни вести.