Western Digital претстави два нови производа во рамките на своите Purple решенија за складирање. Во прашање е голем хард диск од 18 терабајти, како и MicroSD картичка со капацитет од 1TB. Двата производа се дизајнирани за DVR/NVR програмите и апликациите за надгледување и аналитика.

WD Purple 18TB HDD е оптимизиран за NVR, апликации за видео аналитика, како и GPU-покренувани уреди што нудат аналитички апликации. HDD ја поседува AllFrame AI технологијата на Western Digital, што овозможува снимање од 64 камери во висока дефиниција, како и дополнителни 32 стрима за deep learning аналитика.

Purple SC QD101 1TB microSD картичката е примарен или бекап уред за складирање, дизајниран за AI и надзорните камери. Ја користи 96-слојнара 3D NAND технологија и ветува висока издржливост.

WD Purple 18TB HDD ќе биде достапен од октомври, додека WD Purple SC QD101 1TB microSD пристигнува во ноември, Цените на новите уреди за складирање не се објавени.