Научниците од проектот Event Horizon Telescope заслужни за првата фотографија на црната дупка во средиштето на галаксијата M87, сега врз основа на историските податоци го креираа и првото нејзино timelapse видео.

Во април минатата година светот ја доби првата фотографија од црната дупка. Projekt Event Horizon Telescope тогаш го откри резултатот на своите повеќегодишни напори, директна снимка на супермасивната црна дупка што се наоѓа во средиштето на галаксијата Messier 87, настаната во соработка со синхронизираните планетариуми ширум светот, кои целата Земја ја претворија во „голем телескоп“ потребен за вакво истажување.

Истата екипа на научници сега отиде и чекор понатаму. Од архивските податоци од своите телескопи конструираа и видео, своевиден timelapse на истата црна дупка и нејзиното однесува во период од осум години (2009. до 2017. година. Работата за тоа е објавена во магазинот Nature, а опишува како од историските податоци со математичко моделирање е добиено видео со промени во акрецискиот диск на црната дупка низ времето.

Резултатите покажаа дека опкружувањето на црната дупка не е нималку стабилно, туку дека се менува како што таа ја „голта“ околната материја, и дека целиот диск, заедно со своите погусти и поретки делови, се врти околу средиштето. Ова движење е окарактеризирано како турбулентно колебање или нишкање (wobble).

Снимка по снимка – видео

Научниците најавуваат дека овие неколку статички снимки, кои сега ги склопиле во timelapsе, со дополнителни набљудувања и анализи ќе ги прошират, па за неколку години, резултатот би можел да почне да личи на вистинска видео снимка. За таа цел, научната колаборација EHT ќе продолжи со набљудувањата на црните дупки  M87* и Sagittarius A* секоја година кон крајот на март и почетокот на април, кога условите за тоа се најповолни. Годинашното набљудување е “прескокнато“ поради пандемијата на коронавирусот, а следниот пат своите телескопи кон овие црни дупки планираат да ги свртат во пролетта 2021. година.

Следната година, исто така, електромагнетското зрачење од црните дупки би требало да почне да се наљудува и во спектарот на пократките бранови должини. Иако ова е потешко да се одработи поради поголемото влијание на Земјината атмосфера, би требало да се дадет поостри снимки на „сенките“ на црната дупка, во нешто повисока резолуција од постоечките снимки на Event Horizon Telescope.