Се појави видео, кое ни го го дава првиот увид, кога се работи за следниот Huawei Mate премиум телефон. Видеото наводно го покажува Mate 40 Pro, за закривен „waterfall“ екран, punch-hole отвор за предните камери и нагласеното копче за вклучување.
На прв поглед, отворот за селфи камерите делува потенки од оној на P40 Pro моделот. Huawei Mate 40 серијата ќе пристигне со 5nm Kirin 9000 чипсет, а се очекува дека на задната страна ќе има кружен систем на камери.
Кога се во прашање камерите, се очекува главен сензор од 108MP со 9P објектив и перископ модул со 5X оптичко зумирање. Преостанатите модули веројатно ќе бидат ултраширокиот и ToF сензор.
Претставувањето на Huawei Mate 40 серијата смартфони се очекува во текот на октомври.
Поврзани артикли