OpenAI, и покрај сите проблеми со кои се соочија неодамна, објави нова функција за оние кои користат бесплатен ChatGPT.

Ова е опцијата „ChatGPT with voice“, која ви овозможува да активирате гласовен асистент во вашата апликација ChatGPT.

Во апликацијата, можете да ја активирате оваа функција со избирање на иконата „слушалки“, а потоа можете да поставите прашање, а роботскиот глас на апликацијата ќе одговори.

Опцијата е слична на асистентите што ги имаат Apple, Google и други, а сеуште не стигнала до сите, иако на телефоните почна да пристигнува уште во септември за корисниците со претплата.