Не поминаа ни цели два месеци откако Huawei го претстави флегшип моделот од серијата P30,  а веќе почнаа да кружат гласини за следниот уред од премиум сегментот на кинескиот производител – моделот Mate 30 Pro.

Веќе имаме рани, неофицијални информации за неколку од спецификациите и карактеристиките на моделот Mate 30 Pro.

Според медиумите специјализирани за технологија, уредот би требало да оперира со процесор HiSilicon Kirin 985, чие производство ќе започне во третиот квартал од оваа година. Се работи за процесор кој е унапредена верзија на Kirin 980, со кој ќе се намали потрошувачката на енергија. Како и останатите процесори од најновата генерација, тој ќе поддржува 5G вмрежување.
Изгледа дека Huawei и овојпат ќе ги унапреди своите брзи полначи, па така кај Mate 30 Pro ќе биде применета SuperCharge 55W технологија, која беше најавена и кај свитливиот модел Huawei Mate X.

Што се однесува до камерите, Mate 30 Pro ќе има дури четири и тоа во комбинација иста како на моделот P30 Pro, но со значителни подобрувања. Новиот флегшип на Huawei ќе има регуларна леќа, широкоаголна, телефото и 3Д леќа со ToF сензор.

Првичните информации целат дека новиот Mate 30 Pro ќе има закривен OLED екран со дијагонала од 6,71 инчи, во кој ќе биде вграден сензор за отпечатоци од прст. Уредот ќе биде напојуван од батерија со капацитет од 4.200 mAh.

Официјалното претставување на Huawei Mate 30 Pro се очекува наесен.

Извор: B92.net