Неодамна „Епл“ отворено призна дека намерно ги забавува постарите модели на „ајфон“. Како и со многу други современи уреди, „ајфон“ користи јон-литиумски батерии што по одреден број циклуси на полнење и празнење почнуваат да ги губат перформансите.

За да овозможат новите ајфон-уреди да работат еднакво долго како и старите, инженерите на „Епл“ софтверски ги забавиле постарите уреди. Дали и кај вашите телефони го забележувате ова забавување?

Како да проверите?

За да се осигурите дека вашиот уред е забавен, прво треба да инсталирате апликација за анализа. Земете ја, на пример, „Лириум инфо лајт“.

1. На главниот екран на апликацијата одете во „Options“ – се наоѓа горе лево и е означен со три хоризонтални линии.

2. Одете на „This Device>CPU

3. Проверете дали „CPU Actual Clock“ е ист со „CPU Maximum Clock“.

4. Ако и двата броја се еднакви, вашиот „ајфон“ не е забавен.

За да го решат проблемот што настанал по откривањето на тајната, од „Епл“ ја намалиле цената на официјалната замена на батериите на подолго време. Колку намалувањето ќе влијае врз нашите сервисни центри, тешко е да се процени.

Како да се избегне забавувањето?

Ајфон 6, 6с и СЕ добиле софтверско забавување во рамките на „Ајос 10.2.1“. Ако имате еден од овие уреди на старата верзија на „Ајос“, ќе работи брзо како досега.

Што се однесува до седмата генерација на уредот, „Епл“ ја забавил со „Ајос 11.2“. Ако имате „ајфон 7“ на претходната верзија на „Ајос“, перформансите нема да ви бидат забавени. „Ајфон 7 плус“ не е забавен, што значи дека можете да го надградите со најнова верзија на оперативниот систем.